Меси првпат на „Маракана“ после поразот во финалето на СП 2014

Дуелот на Аргентина и Венецуела од четвртфиналето на Копа Америка ќе се игра на некогаш најголемиот стадион на светот, легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро, а Лионел Меси и „гаучосите“ на овој стадион ќе играат за првпат по поразот во финалето на Мундијалот во 2014 година, кога загубија од Германија.

Во тоа финале пред пет години, Меси ги играше сите 120 минути, Серхио Агуеро влезе како резерва, а Анхел Ди Марија беше повреден и не настапи. Останатите во актуелниот аргентински национален тим, немаат играно на „Маракана“, и тие немаат толку болни сеќавања како оваа тројка.

Дали Меси, Агуеро и другарите ќе успеат да ги избркаат „духовите од минатото“, останува да се види. Ако успеат да ја совладаат Венецуела од која годинава загубија на пријателски меч во Мадрид, Аргентинците во полуфиналето би можеле да се сретнат со домашниот Бразил, а тој спектакл би се играл на 2 јули во Бело Хоризонте.

И финалето на Копа ќе се игра на „Маракана“.

- Оглас -

Најнови вести