Меси, Роналдо и многу други ѕвезди нема да можат да влезат во Англија

Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Марсело, Диего Коста, како и голем број на други фудбалски ѕвезди се под закана дека нема да смеат да влезат во Англија. Тоа може да се случи доколку Велика Британија и официјално излезе од Европската унија. Адвокатот Ендрју Осборн тврди дека сите фудбалери кои имале проблеми со законот и биле осудени за затајување данок, нема да може да добијат виза за влез во Англија, доколку Велика Британија реши да излезе од Европската Унија.

„Ако сте граѓанин на ЕУ и ако сте осудувани, нема да може да добиете виза за престој во Велика Британија. Тоа се однесува на секаков вид на осуда“, објаснува Осборн.

Меси во 2017 година доби 21 месец условна затворска казна поради затајување на данок во Шпанија. Истото му се случи и на Роналдо кој има 23 месеци условна затворска казна од времето кога играше во Реал Мадрид. Такви казни добија и повеќе играчи на Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.

 

 

- Оглас -

Најнови вести