Меси се нервира кога го прашуваат за Гризман (Видео)

Лионел Меси по 4 години се појави на прес-конференција и веднаш беше прашан за евентуалниот ангажман на Антоан Гризман како засилување за Барселона.

„Не мислам ништо“ кусо одговори Лео на прашањето на новинарите на прес-конференција пред утрешното куп финале со Валенсија.

Се шпекулираше дека играчите на Барселона се против доаѓањето на напаѓачот на Атлетико Мадрид, по ланската изјава дека не сака да се пресели во Барса.

Сега повторно актуелен е трансферот на одличниот шпиц во редовите на шпанскиот првак, но Меси не сакаше да разговара на таа тема.

Одговорот на Меси на новинарското прашање за трансферот на Гризман од Атлетико во Барселона погледнете го ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести