Меси се посрамоти против Катар, ова речиси 90 отсто е гол кога игра за Барселона (Видео)

Аргентина успеа во мисијата да се пласира во четвртфиналето од Копа Америка, но капитенот Лионел Меси повторно одигра меч под неговиот просек. Меси не само што не даде гол, туку воопшто не учествуваше во акциите за погодоците во дуелот со Катар. 

На ова издание на Копа Америка, ѕвездата на Барселона има дадено еден гол и тоа од пенал против Парагвај. Вечерва против Катар, не само што не успеа да ја затресе мрежата на противникот, туку Меси и се посрамоти во една ситуација од второто полувреме.

При резултат 1:0, кога Аргентина уште ја немаше обезбедено победата, Меси се најде во идеална ситуација. Од околу 10 метри непречен од никого, доби една повратна топка, но наместо да бие во голот, топката заврши високо и далеку од голот на противникот.

И самиот Меси беше изненаден од овој начин на шут, посебно ако се знае дека ваквите шанси во дресот на Барселона, со голема сигурност ги претвора во гол.

https://youtu.be/uUyU2D1sIzc

 

- Оглас -

Најнови вести