Аргентина е во четвртфиналето, а плус го избегна Бразил (Видео)

Аргентина конечно се израдува на победа на Копа Америка, откако со 2:0 славеше против Катар, во последното трето коло од Б групата. За Гаучосите ова е прв триумф, но и тоа е доволно со 4 бода да заврши на второто место на табелата во групата каде прва е Колумбија со максимални 9 бодови, а трет е Парагвај со три бода, додека Катар има само еден бод и е на дното од табелата.

Победата на Аргентина не само што значеше место во четвртфиналето од континеталниот собир, туку и избегнување на дуел со Бразил. Според сегашниот распоред на табелата, Аргентина во нокаут фазата за прв противник ќе ја добие Венецуела.

Мечот против Катар мораше да го добие Аргентина. Некогашниот светски и јужноамерикански првак добро започна и со погодокот на Мартинез во 4 минута стигна до предност од 1:0. Неизвесно беше се до 82 минута, кога Серхио Агуеро погоди за 2:0 и ги реши сите дилеми.

https://youtu.be/0Tt0NPTimXI

Капитенот на Аргентина Лионел Меси повторно имаше слаб ден, а промаши и една шанса од неколку метри, од каде што вообичаено погодува во дресот на Барселона.

Резултати: Катар – Аргентина 0:2, Колумбија – Парагвај 1:0. Конечна табела: Колумбија 9 бодови, Аргентина 4, Парагвај 3, Катар 1 бод.

Утревечер се играат мечевите од третото коло во Ц групата, а се среќаваат: Чиле – Уругвај, Еквадор – Јапонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести