Меси се врати на терените со фантастичен гол, недоволен за победа на Интер Мајами (Видео)

После пауза од еден месец поради повреда, Лионел Меси, конечно се врати на фудбалски терени во дресот на Интер Мајами, иако беше резерва, сепак на полувремето влезе во игра на дуелот против Колорадо.

Аргентинецот само 10-тина минути подоцна постигна фантастичен погодок, со што го израмни резултатот на 1-1, а Интер Мајами само две минути подоцна и поведе, сепак тоа не беше доволно за победа, бидејќи гостите во 88-мата минута успеаја да извлечат нерешено, 2-2, од овој натпревар.

Според прикажаното синоќа, Лионел Меси, е подготвен за настап на реваншот од Лигата на шампионите на Северна Америка против Монтереј на гостински терен, дуел кој Интер Мајами мора да го добие ако сака да ги продолжи настапите во полуфиналето и да се надева на пласман на Светското клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести