Меси сезонава е „доктор за голови“ за Роналдо

Лионел Меси, капитенот на Барселона, ја игра една од најдобрите сезони во својата кариeра. Иако влезе од клупата за резерви на мечот со Вилјареал, успеа да постигне гол и да биде еден од хероите што го спаси каталонскиот гигант од пораз. Лео погоди за 4-3, а во последните моменти од мечот Суарес беше прецизен и израмни на 4-4.

Овој беше 42-риот гол на Лео во сите натпреварувања сезонава. Во вкупно 39 мечеви тој има и 18 асистенции. Неговиот најголем ривал во индивидуалните постигнувања, Кристијано Роналдо, има постигнато 24 голови и 10 асистенции во вкупно 36 одиграни мечеви за Јувентус.

На Меси му недостасуваат уште три погодоци за да го достигне Роналдо по бројот на погодоци на клупско ниво. Роналдо досега погодил 597 пати во 797 натпревари, додека Меси има биланс од 594 голови во 676 дуели.

- Оглас -

Најнови вести