Меси со изненадувачки избор на најдобар дефанзивец во светот

Лионел Меси изјави дека според него, во моментов најдобар одбранбен играч на светот е неговиот сонародник Кристијан Ромеро.

Ромеро е играч на Тотенхем со кого има договор до 2027 година, а Меси има многу високо мислење за него и образложи зошто го смета за најдобар дефанзивец.

„Тој игра многу добро. Многу е важно да имаш таков заштитник зад себе. Ромеро ти дозволува да го насочиш вниманието кон нападот бидејќи тој сака да игра 1 на 1 кога напаѓаат противниците. Неговото присуство ни дозволува да немаме толку ангажмани на дефанзивен план. Тоа е голем плус за секој напаѓач“, вели Меси.

- Оглас -

Најнови вести