Барселона води со 1:0 по првите 45 минути на гостувањето во Памплона кај Осасуна и тоа благодарение на погодокот на Жорди Алба. Дефанзивецот на Барселона одлично се проби низ одбраната на домаќините и од странична позиција успеа да ја затресе мрежата на домаќините.
Голема заслуга за погодокот на Алба имаше и Лионел Меси. Капитенот на Барселона имаше фантастична асистенција и иако дури осум гостински фудбалери беа наместени во дефанзивна линија, топката стигна точно кај Алба, кој остана осамен пред противничкиот гол и успеа да погоди.
Осум од последните 16 погодоци на Алба за Барселона се по асистенции на Меси, што само потврдува дека овие двајца играчи одлично се разбираат на теренот. Асистенцијата на Меси и погодокот на Алба може да ги видите ТУКА.