Меси со милион евра се вклучи во борбата против Коронавирусот

Величината на големите фудбалски ѕвезди не се гледа само на терените, туку и надвор од нив. Во период кога пандемијата со Коронавирусот прави хаос низ Европа и поради што се прекинаа фудбалот и сите останати спортови, начинот на којшто спортските великани реагираат е важен за да се победи битката со опасниот вирус.

Лионел Меси, капитенот на Барселона, е еден од оние кои одлучи да не седи со скрстени раце, туку ќе оддели еден милион евра, средства кои ќе бидат поделени на болницата во Барселона и уште еден медицински центар во Аргентина. Со парите на трофејниот виртуоз на Каталонците, во двете медицински установи ќе се купи опрема за лекарите и целиот персонал кој се обидува да ги спаси животите на заразените од вирусот Ковид-19.

Во Германија претходно се започна проект по иницијатива на играчите на Баерн Минхен Леон Горецка и Џошуа Кимих, на кои им се приклучија уште многу други германски фудбалери и собираат средства кои ќе се наменат за погодените од пандемијата.

- Оглас -

Најнови вести