Меси со пеколен ултиматум за Барселона, ако не му се исполни желбата, следува заминување од „Камп ноу“

Лионел Меси поставил ултиматум според кој Хосеп Марија Бартомеу, претседателот на Барселона, треба да си замине од клубот. Аргентинецот јасно изјавил дека треба да се одбере помеѓу него и првиот човек на шпанскиот првак. Ова го тврди Ел Чирингуито телевизијата.

Капитенот на Барселона најпрво влезе во конфликт со спортскиот директор Ерик Абидал, а челниците на Барселона синоќа на вонредна средба решија дека Абидал треба да остане на позицијата. Оваа одлука дополнително го налутила Меси и сега тој отвирил „војна“ директно против претседателот Бартомеу.

Планот на Меси е Бартомеу да си замине од клубот, да биде доведен нов претседател, а за тренер на екипата да биде назначен некогашниот соиграч на Лео, легендарниот Чави.

Целиот конфликт започна кога Абидал јавно изјави дека дел од играчите на Барселона не залагале доволно на тренинзите, а Меси веднаш му возврати дека мора тие играчи да бидат објавени со име и презиме.

Шпекулациите велат дека доколку ултиматумот на Меси не биде испочитуван, тој може да си замине, а пет клубови веќе се интересираат за неговиот потпис. 

Истата телевизија летоска најавуваше дека е можно капитенот на Реал Мадрид да си замине во Кина, но тоа на крајот не се случи.

 

- Оглас -

Најнови вести