Меси во јуни може да си оди гратис, пет клуба би се тркале за неговиот потпис

Неуспехот на раководството на Барселона да го врати Нејмар и отказот кој му беше даден на тренерот Ернесто Валверде, многу го налутија Лионел Меси, капак беше јавната кавга со спортскиот директор Ерик Абидал, а веќе се шпекулира дека ако недоразбирањата продолжат, најдобриот светски фудбалер за 2019 година би можело да го искористи правото летово да си замине без обесштетување.

Проблемот е што Абидал го донесе Антоан Гризман, па сега во тимот многу е силен францускиот клан, и тие намерно и постојано го критикувале екс тренерот Валверде, што на крај доведе до негово отпуштање. Меси не беше за доведување на Гриезман, а постојано го поддржуваше Валверде, па сега веројатно им се лути на Французите кои го „минирале“ екстренерот.

Манчестер сити со тренерот Пеп Гвардиола, Чики Бегиристајн и Феран Соријано во управата и Серхио Агуеро во играчкиот кадар, сите блиски со Меси, се верува дека би бил фаворит за потпис со 32-годишниот Аргентинец. Но, ако Меси не остане во Барса и во следната сезона, во преговори со него ќе се вклучат и Манчестер јунајтед, ПСЖ, Интер, дури и Јувентус за кој игра Кристијано Роналдо.

Доколку читате англиски медиуми, таму пишува дека Сити е фаворит за да го донесе Меси, а во Италија тврдат дека тоа е Интер.

Некои одат дотаму што тврдат дека Барса можеби и ќе направи самоубиство и ќе му дозволи на Меси да си оди, а испразнетото место ќе го пополнува со Нејмар и Лаутаро Мартинес.

Навивачите на Барселона не сакаат ни да помислат дека Меси еден ден ќе заигра за друг клуб, а ако тоа се случи, раководството на чело со претседателот Бартомеу ќе има огромен проблем, особено што следната година во клубот треба да има претседателски избори.

- Оглас -

Најнови вести