Меси ги строи сите во Барса: Абидал да каже кои играчи не се залагаат на тренинг

Лионел Меси, капитенот на Барселона, бара од управата на Барселона да биде поодговорна кога се даваат изјави кои може негативно да влијаат врз играчите и да бидат погрешно преточени на јавноста. Аргентинската ѕвезда преку својот профил на „Инстаграм“ побара од Абидал да ги каже играчите кои не се залагале доволно на тренинг во периодот кога требало да му се врачи отказ на Ернесто Валверде.

Абидал претходно за шпанските медиуми посочи дека уште по Ел Класико управата разгледувала опции за смена на Валверде, а потоа кажа дека некои играчи не тренирале доволно. Меси бара јавно да каже кои се тие играчи кои не го давале максимумот за време на тренинзите бидејќи во спротивно ќе се наруши атмосферата во соблекувалната, а воедно ќе се шират лажни вести.

- Оглас -

Најнови вести