Меси со порака до Скола: Ти благодариме, Луис!

По поразот на Аргентина во четвртфиналето на кошаркарскиот турнир во Токио, од селекцијата се прости легендарниот Луис Скола. На 41 година Скола го одигра последниот меч во којшто го претрпе можеби најголемиот пораз во кариерата, но беше испратен со овации.

Човекот кој беше дел од златната генерација на Гаучосите, кои триумфираа на Игрите во Атина во 2004 година, доби проштална порака од Лионел Меси, најголемиот аргентински и можеби најдобар фудбалер на сите времиња.

„Твојата импресивна кариера те претвори во голем претставник на аргентинскиот спорт и целиот свет. Ти благодариме, Луис“, се огласи Меси на „Интаграм“ со објавената фотографија од кошаркарската легенда.

Скола како актуелен светски вицешампион се прости од интернационалната кошарка, беше лидер на Аргентина до финалето на СП 2019, каде што загуби од Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести