Меси со порака до тренерот: Мора нешто да се смени, вака не се освојува Лигата на шампионите

Поминаа два месеци како во Шпанија нема никаков фудбал, но според најавите, во најбрзо време треба повторно да гледаме возбудувања во Примера дивисион. Лионел Меси, капитенот на Барселона, непланираната пауза ја искористи за да потенцира дека каталонскиот гигант не играл на потребното ниво за да стигне до титулите, што значи дека тренерот Кике Сетјен мора да направи некаква промена.

„Оваа пауза може добро да ни дојде. Ќе видиме дали првенството ќе почне и кога ќе биде тоа. Мислам дека тренерот не сфати што сакам да кажам. Мојата поента е дека со игрите во последните неколку меча пред принудната пауза никогаш нема да можеме да се надеваме на освојување во Лигата на шампионите. Едноставно, мора да подобриме“, потенцираше Меси, кој додаде дека сепак верува дека Барселона има капацитет да ги освои сите трофеи сезонава.

- Оглас -

Најнови вести