Меси: Стадионот во Дортмунд досега го имав видено само на телевизија

Капитенот и напаѓач на Барселона, Лионел Меси, изјави дека групата во којашто се наоѓаат Каталонците е тешка и кажа пофални зборови за вечерашниот противник Борусија Дортмунд, како и за Интер.

„Секоја сезона во ЛШ има многу силни и изедначени екипи, тешко е да победувате постојано. Генерално, силите се изедначени, нема некој што отскокнува и тоа го прави интересно натпреварувањето. Со Борусија никогаш не сум играл, нивниот стадион досега го имам видено само на телевизија. Ми се допаѓаат како клуб бидејќи имаат верни навивачи и идентитет. Во групата го имаме и Интер со кого и лани бевме во група, но јас не настапив во Милано поради повреда. Групата е тешка, но затоа предизвикот е поголем“, изјави Меси.

Меси ја залечи повредата, но прашање е дали тренерот Валверде ќе сака да ризикува и дебито на Лео сезонава да биде на ваков меч со голем интензитет.

- Оглас -

Најнови вести