Проработи врската од Барселона: Меси и Суарес со по два гола го растурија Орландо (Видео)

Екипата на Интер Мајами немаше милост за Орландо сити и го победи со убедливи 5-0, пред се поради расположениот тандем од Барселона, Меси – Суарес. Клубот од Флорида сега е прв на табелата со седум бодови после три кола и со фантастична гол-разлика од осум дадени и само еден примен. Ова е првпат во историјата, Интер Мајами да биде на табелата во МЛС лигата.

Луис Суарес со својот прв гол во дресот на Интер Мајами го отвори резултатот уште во четвртата минута.

Во 11-тата минута повторно во главна улога е Уругваецот, кој носи предност од 2-0 за домашната екипа.

Роберт Тејлор во 29-тата минута зголемува на 3-0, а Лионел Меси со својот прв гол на натпреварот зголемува на 4-0 во 57-мата минута.

Конечните 5-0 беа дело на Лионел Меси во 62-рата минута и тоа со гол кој го постигна со глава, што е вистинска реткост за него.

- Оглас -

Најнови вести