Меси веќе го заборавија: Педри со дриблинзи ги „фрлаше“ играчите на Галатасарај по теренот, а потоа даде чудесен гол (Видео)

Еден од најталентираните играчи во светот, Педри, уште еднаш ги покажа квалитетите. Тинејџерот на Барселона даде фантастичен гол на гостувањето против Галатасарај во реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на Европа.

Галатасарај поведе со погодокот на Маркао во 29-тата минута, но само осум минути подоцна Педри изведе мајсторија и израмни на 1:1.

На почетокот на второто полувреме Барселона со голот на Обамејанг направи комплетен пресврт и поведе со 2:1, па сега фудбалерите на Галатасарај се на потег да го возвратат ударот.

- Оглас -

Најнови вести