Меси во дрес на Атлетико, Марадона „Англичанец“ и „Бразилец“, Џерард „играч“ на Реал… (Фото)

Шпанскиот весник „Марка“ објави интересна фотогалерија на која неколку фудбалски ѕвезди се облечени во дресови на туѓи клубови или репрезентации.

Шампион е Диего Марадона. Аргентинската легенда со мерак го облече дресот на Бразил, после победата на Гаучосите над Кариоките во осминафиналето на Светското првенство во 1990 година.

Во 1980 година, младиот Марадона беше дел од пријателскиот меч на Аргентина против Англија. Марадона си го размени дресот со еден Англичанец, па за да не оди гол во соблекувална, на терен обчече дрес на Гордиот Албион. Две години подоцна Аргентина и Англија влегоа во војна за Фолкландските острови, а шест години после оваа слика, Марадона ги уништи Англичаните на СП со два незаборацвни голови.

Марадона носеше дрес и на Баерн Минхен, тоа се случи на повлекувањето на Лотар Матеус.

Легендата на англискиот фудбал, Стивен Џерард, целата играчка кариера ја мина во Ливерпул, но на еден меч помеѓу ветераните на Реал Мадрид и Ливерпул, го облече дресот на 13-кратниот европски првак.

Двете најголеми легенди на Реал Мадрид од пред 60-тина години кога мадридскиот клуб доминираше во Европа, Алфредо Ди Стефано (лево на сликата) и Ференц Пушкаш (најдесно) облекоа дрес на Барселона, во чест на Ласло Кубала (во средина).

Најдобриот светски фудбалер за 2019 година, Лионел Меси, засега има играно само за Барселона и за националниот тим на Аргентина, но пред неколку години на мечот во чест на пензионирањето на Макси Гомес, носеше дрес на Атлетико Мадрид.

Нејмар не е икона на ниту еден клуб, иако остави силен печат и во Сантос, Барселона и ПСЖ. На Бразилецот не му е проблем ако добие многу пари да менува клупски дресови, но дресот на родниот Бразил е светост за него. После еден меч помеѓу Бразил и Уругвај, тој му направи мерак на Луис Суарес, и облече дрес на уругвајската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести