Меси во ПСЖ? Нејмар и Ди Марија лобираат за Светците

Извори блиски на „И-ес-пи-ен“ тврдат дека Нејмар телефонски контактирал со Меси околу евентален трансфер во редовите на ПСЖ. Откако капитенот на Барселона застана цврсто на ставот да го напушти „Камп ноу“ по речиси 20 години, сите европски гиганти почнаа со кроење планови како да ги добијат неговите услуги.

Прв во редот застана Манчестер сити од каде што доаѓа и најконкретната понуда, меѓутоа Меси остава простор и за други понуди, а секако ќе ја одбере најдобрата. Не само што Нејмар лобира за Светците, туку и Ди Марија, соиграчот на Меси од репрезентацијата на Аргентина, исто така воспоставил контакт да го убеди Меси да се пресели во Париз.

Нема сомнежи дека францускиот првак има средства да го ангажира Меси, особено откако од клубот си заминаа Кавани, Тијаго Силва, Мение, играчи кои зафаќаа голем дел од буџетот за плати. Доколку прифати преселба на „Паркот на Принцовите“, на Меси ќе му се оствари желбата повторно да игра покрај Нејмар, меѓутоа не во дресот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести