Меси воодушевен од дочекот во Минхен (Видео)

Пари Сен Жермен утревечер ќе гостува во Минхен против Баерн, во обид да ја надомести негативата од 0:1 по првиот меч одигран во Париз, во осминафиналето од Лигата на шампиони. Францускиот првак од синоќа пристигна во Минхен, а интересен пречек имаше Лионел Меси.

Кога автобусот со фудбалерите на ПСЖ пристигна пред хотелот во кои се сместени гостинските фудбалери, поголема група на навивачи почнаа да скандираат „Меси, Меси, Меси“.

Без разлика што Меси утревечер ќе биде ривал на Баерн Минхен, голем број на навивачи се восхитуваат на Аргентинецот кој пред неколку месеци стана и светски првак со неговата репрезентација.

https://twitter.com/i/status/1632879035641663488

- Оглас -

Најнови вести