Меси: За Аргентина сега почнува Копа Америка

Аргентина со многу мака се пласира во нокаут фазата на Копа Америка, но сепак останува во игра за трофејот, со кој, ако го освои ќе се израмни со Уругвај на вечната листа со најтрофејни нации на шампионатите на Јужна Америка.

„Сега за нас почнува нова Копа Америка. Нокаут системот е тежок се игра на се, или на ништо и важно е да останеме сконцентрирани, мирни и со многу самодоверба. Имаме квалитет, само треба да го преточиме во добри игри на теренот“, изјави Лионел Меси.

Капитенот на Аргентина не е на нивото на кое игра за Барселона, тоа трае подолг период во настапите за аргентинската селекција, а критиките се постојани. Гаучосите со победа против Катар ги завршија настапите во фазата по групи на второто место зад Колумбија и го избегнаа домаќинот и вечен ривал Бразил, па се надеваат на многу подобри настапи и триумф на шампионатот.

Аргентинците се втората најтрофејна нација во Јужна Америка со 14 титули, една помалку од рекордерот Уругвај, а имаат најмногу финалиња, вкупно 28.

На шампионска круна чекаат долго, цели 26 години, бидејќи последен пат се радуваа на Копа Америка во 1993 година.

- Оглас -

Најнови вести