Местеше мечеви и затоа доби доживотна суспензија

Јусеф Хосам е тенисерот кој доби доживотна забрана за играње на професионални турнири откако се докажа дека местел дуели. Од организацијата за чување на интегритетот на тенисот (ТИУ) потврдија дека 21-годишниот Хосам никогаш веќе нема да може да заигра на ниту еден турнир.

По направената истрага, потврдено е дека тенисерот учествувал во повеќе од 20 наместени меча, и тоа во периодот од 2015 до 2019 година, на турнири за тенисери кои се послаборангирани.

Хосам најдобриот ранкинг во кариерата го имал во 2017 година, кога бил на 291-вото место на АТП-листата, а моментно е на 820-тата позиција во светот. Местењето тениски натпревари не е прв случај во семејството Хосам затоа што пред две години поради истите причини доживотна суспензија доби и неговиот постар брат Карим.

- Оглас -

Најнови вести