Место да молчи и да се радува Куман на попуст се надева (Видео)

Чудна изјава даде тренерот на Барселона, Роналд Куман, и вели дека се надева казната од два меча суспензија за Лионел Меси да биде и намалена.

„Има работи што не можат да се одбранат, но се надевам дека сепак казната на Меси ќе му биде намалена. Ако не, ќе мораме да играме два меча без Лео“, изјави Холанѓанецот.

Меси удри противнички играч со рака во лицето во момент кога Вилјалибре ја немаше топката во свој посед во финалето на шпанскиот Суперкуп.

https://twitter.com/RRichowod/status/1350950882612019201?s=20

Се очекуваше казната да биде построга, што е и вообичаено во вакви случаи, со удар на противнички играч без топка, но реномето на Меси е огромно, па мина само со казна од два меча.

Тоа беше и првиот црвен картон за големиот ас во дресот на Барселона по 753 одиграни натпревари за шпанскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести