Металург е подготвен за првото домаќинство во „Јане Сандански“

Екипата на Металург ќе се обиде да дојде до првата победа во мечевите од групата Ц од Лигата на шампионите, а гостин е Татран Прешов, кој после две кола има две победи. Овој натпревар од 17 часот се игра во спортскиот центар „Јане Сандански“, каде Металург првпат во својата историја ќе ја има улогата на домаќин.

Играњето во домот на ривалот Вардар, за Металург не треба да претставува преголем хендикеп, иако се навикнати да настапуваат во „Борис Трајковски“. Поддршката од трибините нема да изостане, а и честопати имаат играно во поновиот спортски објект.

Тренерот на Татран, прославениот хрватски поранешен ракометар Славко Голужа, мисли дека неговата екипа во Скопје ја чека тежок натпревар.

„Металург има млад тим и игра одлично на домашен терен. Во Лисабон овој тим беше рамноправен во првите 40 минути, а одлично одигра и против Бешикташ во Скопје. Ние со респект мораме да му пристапиме и да одиграме најдобро што можеме. Не се плашиме од никого, но мораме да бидеме внимателни“ – предупредува Голужа.

Металург и Татран имаат доста меѓусебни дуели во СЕХА лигата, а двапати се сретнаа и во ЛШ. Гостите од Словачка се фаворити, поискусни се, а тимот на тренерот Данило Брестовац треба да го поправи впечатокот после првите два порази со по осум гола разлика.

Татран не е екипа од самиот врв на европскиот ракомет и затоа сметам дека против нив можеме да се надигруваме. Можеме да им парираме во 5-1 одбраната, за да не им дозволиме шутеви од далечина, од каде се исклучително силни. Нам ни недостигаат лесни голови. Нашиот најголем проблем е што младите тешко излегуваат од криза, кога доаѓаме во ситуација да бидеме во резултатска негатива. Проблемот го наоѓам во ротацијата. Кога би имаме уште двајца квалитетни играчи, тогаш би немале такви проблеми. Ни треба ракометар кој ќе игра во двата правци за да дојдеме до тимот кој го посакуваме и кој тим би одиграл и квалитетна 6-0 одбрана“ – рече Брестовац.

- Оглас -

Најнови вести