Металург немаше шанси со Силкеборг, прв пораз на Раул со ПСЖ

Металург очекувано загуби во дуелот против Силкеборг во Скопје со 29:33, во меч од осмото коло во Лигата на шампиони. За македонскиот вицепрвак ова е осми пораз во деветото коло, додека данскиот тим се зацврсти на врвот од табелата со 14 бодови.

Гостите уште од самиот почеток покажаа дека нема да дозволат кикс. Данците поведоа со 4:0 и во ниту еден момент не му дозволија на Металург да се понадева дека може да направи сензација. На крајот, Силкеборг рутински го одработе овој меч, а Металург сигурно ќе заврши на последното место на табелата во оваа група.

Прв пораз во Лигата на шампионите претрпе најголемиот фаворит за титулата, француски Пари Сен Жермен. „Светците“ на чија клупа седи македонскиот селектор Раул Гонзалез загуби на гостувањето кај Сегед со 33:32. ПСЖ ниту еднаш во текот на мечот немаше водство. Сегед во еден момент водеше со 25:20 и 29:25, но во последната минута гостите дојдоа со 32:31. Сепак, во нападот за победа Сегед погоди за 33:31 и стигна до 15 бодови и сега е само на еден бод од лидерот во Б групата, ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести