Металурзите заминаа во Маврово, битолчани ги чекаат во „заседа“ (Фото)

Ракометарите на Металург денеска заминаа на висински подготовки во Маврово, а веќе четврти ден таму се нивните колеги и ривали од Еурофарм Пелистер. Металурзите и битолчани не се во ист хотел, дружбата нема да биде како претходните години, но ќе тренираат во истата сала.

Со цел да се придржуваат до протоколите, тимовите пред и после користење салата ќе има дезинфицирање. Битолчани се подготвуваат за настапите во СЕХА лигата и во групната фаза од Лига на Европа, додека Металург ќе игра во квалифкациите за ЛЕ и во домашното првенство. И двете екипи треба да се појават на турнирот во Струга, од 12-ти до 16-ти август.

Од денеска, па во наредните десет дена ракометарите на Металург ќе престојуваат во Маврово, каде што ќе ја работат третата фаза од подготовките за новата сезона, која за нив официјално почнува на крајот на август, со натпреварот на домашен терен, со хрватскиот тим Спачва од Винковци, во првото коло од квалификациите за пласман во новоформираното натпреварување, Лигата на Европа.

Ракометарите и стручниот штаб на Еурофарм Пелистер, веќе се аклиматизираа во Маврово, па слободното време го искористија за тим-билдинг и играње „пеинтбол“.

- Оглас -

Најнови вести