„Метла“ за Детроит, Јута не се предава

По Бостон, Милвоки бакс е втората екипа која обезбеди конференциско полуфинале откако со 4-0 го елиминираше тимот на Детроит пистонс. Бакси ноќеска славеа со убедливи 104:127, потврдувајќи ја доминацијата во оваа серија. Милвоки за првпат од 2001 година успеа да се пласира во следната фаза од плејофот, а колку всушност беа подобри од Пистонс, говори фактот што сите четири победи ги остварија со 16 или повеќе поени предност.

„Метлата“ за Детроит ја најави ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо, кој стана првиот играч во Лигата кој реализирал 40+ поени за помалку од 32 минути во разигрувањата, а популарниот Грик Фрик заврши со 41 поен, додека запиша и 9 скока и 4 асистенции. Покрај Јанис, за победата придонесе и Мидлтон со 18 поени, а Бледсо застана на 16 поени. Oд редовите на Детроит најрасположен беше Реџи Џексон со 26 поени, Грифин заврши со 22 поени.

Во конференциското полуфинале од Истокот, Милвоки ќе се соочи со Бостон селтикс.

https://www.youtube.com/watch?v=QbP6YYeUWe0

Јута џез избегна „метла“, така што намали на 3-1 во серијата против Хјустон рокитс со победата од 107:91 во четвртиот меч. „Џезерите“ пред домашна публика не дозволија тотален дебакл, па нивната мелодија ќе се слуша најмалку уште еднаш.

Донован Мичел ја предводеше Јута со 31 поен и 7 скока, а голем придонес имаа и Краудер со 23 поени, како и Рубио со дабл-дабл од 18 поени и 11 асистенции.

На Хјустон не му помогнаа ниту 30-те поени на Џејмс Харден, како ни оние 23 поени на Крис Пол.

https://www.youtube.com/watch?v=6xxKo42HYEU

- Оглас -

Најнови вести