Мхитаријан останува во Серија А, Волчицата ќе ја замени за 19-кратниот првак на Италија

Најдобриот и најпознат ерменски фудбалер, Хенрик Мхитаријан ќе остане да игра во Серија А, но не во редовите на Рома, клуб за кој играше три сезони, туку се сели во редовите на Интер.

Според италијанските медиуми 33-годишниот играч ја прифатил понудата на 19-кратниот италијански шампион и ќе потпише двегодишен договор со плата од 4.5 милиони евра по сезона.

Мхитаријан играше за неколку фудбалски гиганти во Европа, беше член на Шахтар Донецк, Борусија Дортмунд, Манчестер јунајтед, Арсенал, Рома и сега ќе игра две сезони за Интер.

- Оглас -

Најнови вести