Мхитарјан останува во Рома

Рома и Арсенал се договорија околу продолжување на позајмицата на Хенрих Мхитарјан за сезоната 2020/21. Ерменскиот крилен играч ќе ја доигра актуелната сезона и ќе се задржи на „Олимпико“ дополнителни 12 месеци, а во новиот ангажман е вметната и опција за откуп на договорот.

„Среќен сум што ќе останам во Рома. Имам цели кои допрва треба да ги остварам и мило ми е што добивам шанса за тоа“, истакна Мхитарјан за официјалната веб-страница на Рома.

Досега Мхитарјан запиша вкупно 22 настапи во сите натпреварувања за Римската волчица, придонесе со шест гола и четири асистенции, доволно за гигантот од „Олимпико“ да му ја продолжи позајмицата. За новата сезона Волчицата ќе добие уште едно засилување од Премиер лигата откако е постигнат договор со Педро Родригес од Челзи.

https://twitter.com/ASRomaEN/status/1278046184850980864

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести