Мичел го доби шутерското шоу против Мареј, Торонто броеше до 150 во „метлата“ за Бруклин (видео)

Јута е на една победа до пласман во втората рунда од разигрувањата откако Донован Мичел ги предводеше Џезерите до минимален триумф од 129:127 во четвртата средба против Денвер нагетс.

Мичел по вторпат во оваа серија реализира 50+ поени. По недоволните 57 коша во првата средба, ѕвездата на Јута ноќеска застана на 51 поен и тој е третиот играч во историјата на НБА-лигата, по Мајкл Џордан и Ален Ајверсон, со ваков учинок во една плејоф-серија.

https://twitter.com/NBA/status/1297751501021106176

Мичел имаше рамноправен противник во Џамал Мареј, кој беше светлата точка на Нагетси во нивниот трет пораз. Мареј погоди точно 50 поени, меѓутоа неговиот учинок, а ни оној на Јокиќ од 29 поени не беа доволни за Нагетси да дојдат до израмнување во серијата.

Претходно шампионот Торонто резервира билет за втората рунда откако славеше со 150:122 во четвртиот дуел и со метла го испрати Бруклин дома.

Тимот на најдобриот тренер за оваа сезона, Ник Нурс, беше неприкосновен во текот на целата средба и во секој од четирите периоди, Рептилите реализираа најмалку по 34 поени. Од вкупно 150, клупата на шампионот реализира дури 100 поени, а најефикасен беше Поуел со 29 поени, додека дабл-дабл од 27 поени и 15 скока оствари Ибака.

https://twitter.com/NBA/status/1297711397036527616

 

- Оглас -

Најнови вести