Мидлсброу има нов тренер – Мајкл Карик, а помошник ќе му биде екс играч на Реал Мадрид

Некогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, е нов менаџер на Мидлсброу. Прв асистент на 41-годишниот Карик кој пред четири години ја заврши играчката кариера, ќе му биде еден друг поранешен познат англиски фудбалер, Џонатан Вудгејт.

Мидлсброу е на 21-во место после 16 одиграни кола во Чемпионшип. Карик му беше помошник на Оле Гунар Солскјер во Јунајтед, а кога Норвежанецот беше отпуштен, на три меча Карик го водеше тимот како в.д.главен тренер.

Карик со Манчестер има освоено пет титули во Премиер лигата, а по еднаш ги освои Лигата на шампионите и Лига Европа.

- Оглас -

Најнови вести