Михајловиќ: Сега веќе не ме нарекуваат црн циганин, сега за нив сум светец!

Ја победи леукемијата, ја спаси Болоња од испаѓање, а сега кога остана уште едно коло до крајот на сезоната во Серија А, Синиша Михајловиќ даде интервју кое предизвика големо внимание и реакции.

„Ми требаат непријатели за да напредувам. Сега сум мал светец, секој ден ми се јавуваат луѓе кои сакаат да испратам порака на охрабрување до некои нивни блиски кои се болни. Веќе никој не ме исвиркува, веќе никој не ми вика дека сум црн циганин, истите сега ми велат сум бил феноменален“ – вели Михајловиќ.

Синиша вели дека не сака да биде само позитивен човек, туку има потреба да има некој што е против него, бидејќи така му било позабавно, а си создал нови непријатели и со јавното објавување дека на изборите во Италија гласал за Салвини.

„Не сум од тие што секогаш мора да бидат во право. Порано бев поимпулсивен, сега знам да се извинам ако сфатам дека сум погрешил. Играчите од сегашните генерации се попрофесионални отколку во мое време, но мислам дека не се толку бистри како што бевме ние. Ние пушевме, игравме карти до зори. Сегашниве фудбалери ќе ми речат дека не спиеле, и кога ќе прашам како си поминале на забава, ми велат заглавиле играјќи Плејстејшн. Си мислам оди бре малечок во…“ – вели Михајловиќ.

- Оглас -

Најнови вести