Легендата на европскиот фудбал и поранешен репрезентативец на Југославија, Предраг Мијатовиќ, не е имун на случувањата во неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид, па јавно го советуваше Флорентино Перес.
„По две години без трофеј, мислам дека е време за тешки одлуки и големи промени. На некои играчи мора да им се заблагодариме за да отвориме простор за нови идеи и нов проект“, рече Мијатовиќ.
Секако, неговата изјава се однесува на Килијан Мбапе и Винисиус, а тоа јасно го кажа во продолжение на изјавата.
„Можеби треба да размислиме за продажба на еден од нив двајцата. Не може да ги затвораме очите и да зборуваме дека двајцата мора да останат по секоја цена. Некогаш токму таквите одлуки се клучни за иднината на клубот“, порача поранешниот напаѓач.

