Повторно Шумахер во болидот на Ферари

Традицијата ќе продолжи, Шумахер повторно зад воланот на Ферари. Но, ќе вози синот на Михаел, Мик Шумахер, а Ферари ќе му даде шанса да го тестира болидот во пресрет на трката за Големата награда на Бахреин. Мик инаку стана член на Академијата на Ферари откако ја освои титулата во Формула 3, а од оваа сезона ќе се натпреварува во вториот по квалитет шампионат во најбрзите трки на четири тркала.

Шампионатот во Формула 2 стартува овој викенд, а Мик ќе дебитира со тимот на Према, од каде што потекнуваат Пјер Гасли и Шарлс Леклерк.

„Со нетрпение очекувам да го доживеам тоа искуство, но нема премногу еуфорија бидејќи се работи за едно тестирање. Фокусот ми е само кон првата трка во Формула 2, сакам да се покажам во добро светло“, истакна Мик.

Мик покрај тоа што во првиот ден од тренинзите во Бахреин ќе тестира за Ферари, во вториот ден е предвидено да го тестира и болидот на Алфа Ромео.

Трката за Големата награда на Бахреин е закажана 31 март, со старт од 2 часот по полноќ според наше време, додека неколку часа претходно ќе се одржи и првата трка од шампионатот во Формула 2.

- Оглас -

Најнови вести