Мик Шумахер победи на Монца, а тоа што го направи на стартот ни татко му не го можеше (Видео)

Првата победа на Германецот Мик Шумахер сезонава во Формула 2 беше спектакуларна. Синот на славниот Михаел Шумахер, колку толку го обели образот на Ферари во Монца. Во Формула 1, на италијанскиот тим во чиј болид Михаел Шумахер брилјираше и освои пет титули, годинава не му оди, а Мик им дава надеж дека во иднина доаѓаат подобри денови.

Младиот Шумахер кој има 21 година, стартуваше од седмата позиција, но имаше неверојатен старт, еден од најдобрите во историјата, па веќе на првата кривина после стартно-целната рамнина беше втор. До крајот успеа да го преземе првото место и прв да мине низ целта, па сега во генералниот пласман има само три поени помалку од водечкиот Роберт Шварцман.

Погледнете го чудото од старт на Мик:

https://twitter.com/i/status/1302311282759143424

- Оглас -

Најнови вести