Микаела Шифрин изненадувачки победи на спустот во Банско

Американката Микаела Шифрин триумфираше на денешната спуст трка во Банско, и ова е нејзин прв триумф во 2020 година. Шифрин првпат е во еден од омилените зимски центри места за Македонците, и успеа да триумфира во дисциплината која не е нејзина специјалност. Шифрин има 65 победи во кариерата, а само две во спуст.

Таа имаше 18 стотинки подобро време од Федерика Брињоне, додека трета беше Јоана Хелен со 23 стотинки заостанување. Нина Ортлиб имаше предност во однос на Шифрин на третото време на минување, но утна една капија и ја испушти шансата за триумф. За Шифрин која имаше стартен број 16, заврши серијата од пет трки по ред без победа од кои две беа во нејзиниот омилен слалом.

Денешниот спуст беше замена за откажаниот во Вал д`Изер. И утре во Банско на технички незгодната патека „Марк Џирардели“ ќе се вози спуст во женска конкуренција, додека за в недела е закажана трка во суперџи. Во генералниот пласман, Шифрин има 280 бода предност во однос на Брињоне која е најдобра во велеслалом.

- Оглас -

Најнови вести