Микел Артета е менаџер на сезоната во Премиер лигата

Шпанскиот стратег на Арсенал, Микел Артета, e прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата за сезоната 2025/26. Тој ја заслужи наградата во конкуренција на Пеп Гвардиола, Андони Ираола, Кит Ендрус, Режис Ле Бри и Мајкл Карик.

Под водство на Артета, тимот на Арсенал ја освои шампионската титула во Англија. Топчиите собраа 85 бода во 38 кола од првенството, оставајќи го зад себе најблискиот ривал Манчестер сити дури со седум бода заостанување. Ова е прва титула за Арсенал по пауза од 22 години.

Артета го презеде лондонскиот клуб во декември 2019 година. Оттогаш, покрај шампионската титула, тој го предводеше Арсенал и до освојување на ФА купот, како и два трофеи во Лига купот.

Во сабота избраниците на Артета ќе се соочат со Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Пушкаш арена“ во Будимпешта.

- Оглас -

Најнови вести