Милан демонстрираше моќ, Динамо и Ристовски победија на стадион на кој Реал не успеа да победи

Милан беше подобар од Рен со 3-0 и заврши голем дел од работата околу пласман во осминафиналето во Лигата на Европа. Лофтус Чик даде два гола, а реализира и Леао, па Росонерите прилично мирно може да патуваат на реваншот во Франција.

Изненадувачки триумф од 4-2 извојува Карабах на гостувањето кај Брага, а неочекуван резултат за малку ќе имаше и на другиот меч вечерва во Португалија, Бенфика дома го победи Тулуз со 2-1 со два гола на Ди Марија од пенали, вториот во 97-мата минута. Немаше голови на средбата Ленс – Фрајбург.

И во Конференциската лига не изостанаа изненадувањата. Динамо Загреб, за кого Стефан Ристовски одигра цел меч, славеше со 1-0 на гостувањето кај Бетис. Бруно Петковиќ од пенал го даде победничкиот гол на „Бенито Вилјамарин“, стадион на кој пред два месеца гостуваше Реал Мадрид, а не успеа да победи.

Ајакс дома одигра 2-2 со Бодо/Глимт, иако норвешкиот тим имаше водство од 2-0 до 90-тата минута, Макаби Хаифа како домаќин во Будимпешта го совлада Гент со 1-0, а немаше гол на средбата Сервет – Лудогорец.

Ова е голот на Петковиќ за голема победа на загрепски Динамо на гостувањето во Севилја кај Бетис:

https://twitter.com/i/status/1758244089059807602

- Оглас -

Најнови вести