Милан беше еден од најактивните клубови на последниот ден од зимскиот преоден рок, а една од приновите им е Жоао Феликс, кој доаѓа како позајмен од Челзи.
Португалецот утрово е на лекарски прегледи, по што ќе се комплетира и ќе се официјализира договорот за позајмица. Милан е дури четвртиот клуб за којшто ќе игра Феликс во последните година дена (беше и во Атлетико, Барселона и Челзи).
Кај Росонерите дојде по барање на тренерот и негов сонародник, Сержо Консеисао, а Челзи до вчера не даваше зелено светло за трансфер без надомест, но конечно попушти и на Милан бесплатно му го подари Феликс.