Милан ги научи грешките на Интер и ја победи Аталанта (Видео)

Милан не ги повтори грешките на градскиот ривал Интер и успеа да ја победи незгодната екипа на Аталанта со 3:2 на гостински терен. Бергамашите во последните две кола играа против Интер и Милан и освоија само еден бод, со реми против Нераѕурите, а вечерва задоцнија со финишот и загубија од Росонерите.

Дербито на седмото коло во Серија А почна со еден од најбзрите голови викендов. Давиде Калабрија постигна гол за Милан во 28-мата секунда од мечот за предност на гостите од 1:0 и за убава најава за победа во Бергамо.

Голот на Калабрија можете да го погледнете ОВДЕ.

Во финишот на првото полувреме Сандро Тонали искористи катастрофална грешка на домаќините и лесно погоди за 2:0.

Atalanta 0 – [2] Milan – Sandro Tonali 43′ from soccer

Потоа и Рафаел Леао постигна прекрасен погодок за недостижна предност од 3:0 за гостите од Милано, а со два гола во финишот Аталанта само го намали поразот.

Atalanta 0 – [3] Milan – Rafael Leao nice goal 78′ from soccer

 

Милан остана непоразен по седми пат во новото првенство во Италија и со шест победи и реми има 19 бода на второто место, зад лидерот Наполи, кој има максимален учинок и е лидер со 21 бод.

Аталанта е на осмото место со 11 бода.

- Оглас -

Најнови вести