Милан го доведе првото засилување за кого плати 5,5 милиони евра

Некогашниот италијански првак Милан во своите редови го доведе Филипо Терачијано од Верона. Росонерите треба и официјално да го потврдат овој трансфер кој вреди 5,5 милиони евра.

Терачијано е 20-годишен Италијанец кој може да игра на повеќе позиции на теренот, но најчесто се наоѓа на десната страничка линија. Тој е дете на Верона, каде ги помина младинските категории, а во првиот тим дебитираше пред речиси две години на дуелот против Емполи.

Сезонава тој е стандарден во тимот на Емполи за кој одигра 18 меча од кои на 14 беше стартер.

- Оглас -

Најнови вести