Милан го разби Јувентус со 3-0 во Торино во дербито на колото во Серија А и ова е голем удар врз амбициите на Старата дама да се пласира во Лигата на шампионите. На три кола до крајот, Јуве е петти, но има мало заостанување зад Аталанта, Милан и Наполи, па може да се пробие погоре на табелата.
Брахим Дијас (најмлад стрелец за Милан против Јуве во Торино, од Пато наваму) го даде првиот гол за Росонерите, потоа Кеси утна пенал, а Ребиќ и Томори го докусурија домаќинот. Милан има пет утнати пенали сезонава, а лоша вест за Милан е повредата на Златан Ибрахимовиќ, кој мораше да го напушти теренот во средината на второто полувреме.