Милан и Ибра постигнале интересен договор, се работи за симболична сума

Златан Ибрахимовиќ ќе остане во Милан и во следната сезона. Според пишувањата на италијанските медиуми, италијанскиот првак и ветеранот се договориле за нова соработка, а шведскиот голгетер прифатил да остане на „Сан Сиро“ за симболична сума, односно плата која ќе ја добива.

Ибрахимовиќ во октомври ќе наполни 41 година, а неговото искуство сигурно ќе му биде од корист на италијанскиот првак. Откако во 2020 година се врати во Милан, Ибрахимовиќ одигра 74 меча во кои постигна 36 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести