Милан и Ливерпул секогаш си даваат голови, Луис Суарес во солзи (Видео)

Нерешените резултати на мечевите Порто – Атлетико Мадрид (0-0) и Милан – Ливерпул (1-1), му одговараат на португалскиот тим кој ако заврши вака, ќе се пласира во осминафиналето на ЛШ, заедно со Ливерпул.

Милан и Ливерпул ја продолжија традицијата секогаш кога играат европски мечеви меѓусебе, да има голови во двете мрежи. Томори погоди за Милан, а изедначи Салах.

Во Порто нема голови, но имаше солзи, и тоа од Луис Суарес, кој во 13-та минута мораше да го напушти теренот. Уругвајскиот напаѓач нема да може да му помогне на Атлетико да се пробие во осминафинале, а веројатно нема да игра ниту викендов на дербито од шпанската лига против Реал Мадрид.

Ова е голот на Салах кој го врати Милан на непосакувана позиција:

https://twitter.com/i/status/1468319186397057026

- Оглас -

Најнови вести