Милан им се врати на победите во Серија А, Лацио мечот го заврши со три црвени картони (Видео)

После поразот од Монца и ремито против Аталанта, фудбалерите на Милан се вратија на победничките патеки и тоа на тешкото гостување во Рим, против Лацио. Човек на одлука беше Ноа Окафор во 88-мата минута, откако еден отпадок успеа да го претвори во гол за победа и три бода.

Милан победата можеше да ја обезбеди и порано, но ВАР го поништи погодокот на Леао во 76-тата минута. Лацио од 57-мата минута играше со играч помалку, откако Пелегрини беше исклучен. Во судиското продолжение од мечот, Лацио заработи уште два црвени картони, откако во 95-тата минута беше исклучен Марушиќ, а во 97-мата минута и Гендузи.

Со оваа победа екипата на Милан се доближи на само бод од второпласираниот Јувентус, кој допрва треба да го одигра својот натпревар од 27-мото коло на Серија А.

- Оглас -

Најнови вести