Милан како Баерн, без примен гол во осминафиналето оди понатаму во ЛШ!

Црвениот картон на Кристијан Ромеро беше една од најинтересните работи на вечерашниот реванш дуел помеѓу Тотенхем и Милан, кој заврши 0-0, резултат кој им одговараше на гостите од Италија, па тие се четвртфиналисти во Лигата на шампионите.

Лондонските Петли за 180 минути игра не успеаја да постигнат ниту еден гол против Милан, а погодокот на Брахим Дијаз од првиот меч на „Сан Сиро“, беше решавачки за патникот меѓу осумте најдобри.

И Тотенхем и Милан имаа шанси за гол, но мрежите останаа незатресени на дождливото време во Лондон.

Милан за првпат после 11 сезони е во четвртфиналето на ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести