Милан купува играч за 16 милиони евра, а Емполи пред две години го плати само милионче

Европската фудбалска федерација (УЕФА) му ја исполни желбата на Милан да не игра во Лигата на Европа за да може да ја консолидира финансиската ситуација во клубот. Росонерите се подготвени за доведување на Исмаел Бенасер, кој е играч на Емполи. Играчот за врска треба да се пресели на „Сан Сиро“ за трансфер вреден 16 милиони евра, плус бонуси.

Овој договор ќе биде одличен за Емполи од финансиски аспект бидејќи тие играчот го купија во 2017 година од Арсенал само за еден милион евра, а сега ќе го продадат 16 пати поскапо. Бенасер во минатата сезона одигра 36 меча во Серија А, во кои имаше пет асистенции. Играчот моментно е со репрезентацијата на Алжир на Африканскиот куп на нациите и ги одигра сите три меча од групната фаза против Кенија, Сенегал и Танзанија.

 

- Оглас -

Најнови вести