Милан лесно победи кај Емполи, Жиру со постигнување кое го нема ниту еден играч во Топ 5 лигите (Видео)

Екипата на Милан продолжува со добри игри откако славеше со 3:0 на гостувањето кај Емполи во меч од 19 коло во Серија А. Со оваа победа Росонерите стигнаа до 39 бодови и се сигурни на третото место на табелата, со девет бодови помалку од нивниот градски ривал и лидер, Интер.

Уште во првите 30 минути од мечот Милан ги реши сите дилеми во дуелот против Емполи. Рубен Лофтус-Чик погоди за 1:0 во 11 минута, а точно по половина час од стартот, беше досуден и пенал за гостите.

Оливие Жиру ја превзема одговорноста да го изведе ударот од белата точка и не згреши, па Милан поведе со 2:0.

За Жиру ова беше 10-ти погодок сезонава и ја продолжи низата од 14 сезони во кои постигнува двоцифрен број на голови во Топ 5 лигите. Ниту еден друг фудбалер во најсилните пет лиги во Европа не може да се пофали со ваква низа од 14 сезони во кои постигнува барем 10 погодоци.

До крајот на дуелот против Емполи, Милан постигна и трет гол и тоа преку Чака Траоре во 88 минута.

- Оглас -

Најнови вести