Милан може да остане без голманот, гигантите се подготвени да платат 70 милиони евра

Екипата на Милан може да остане без својот голман Мајк Мањан, пишуваат италијанските медиумите. Голманот неодамна изјави дека иако има договор до 2026 година, сака нов договор со кој би му била зголемена платата, но на такво нешто не се согласува управата на Росонерите.

Според медиумите, доколку наскоро не седнат на преговарачка маса, Мањан ќе побара од Милан да го стави на трансфер-листата бидејќи за него голем интерес пројавуваат четири гиганти.

Откупната клаузула од 70 милиони евра не претставува никаков проблем за Баерн Минхен, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Челзи.

Мајк Мањан во Милан пристигна во 2021 година од Лил, во трансфер вреден 15 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести